Одржана обука за работа со терапијата АБА

Во период од 2 до 4 декември 2011 година во Предавална 4 на Економскиот Факултет во Скопје се одржа обука за работа со терапијата АБА (АВА – Applied Behavior Analysis) за родители чии деца имаат аутистичен спектар на нарушувања. Овие обуки претставуваат дел од проектот Зајакнување преку знаење. Овие обуки ги одржаа Специјалниот психопедагог Лаура Александра Серафимовски Дика (Радулеску) од Романија и Специјалниот психопедагог Драган Серафимовски – Дика.