Учество во работилница за формирање на Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби во организација на UNICEF и PACER

На 16 и 17 ноември 2011 година дел од тимот на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ беше вклучен во втората работилница за формирање на ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби. Фокусот беше во областите на политика, обуки, ресурси и материјали, како и маркетинг и подигнување на свеста за лицата со посебни потреби. Трите сектори во која беше поделена групата опфаќа работа на дизајн на веб страна и флаер за ресурсниот центар,  организирање на политиката на фукционирање на центарот како и прибирање на ресурси и материјали на кои ќе се заснова работењето на ресурсниот центар за родители на деца со посебни потреби.