Организација на симпозиум за образовна свест

3

На ден 05.11.2011 год, во Хотел Александар Палас здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ организираше

СИМПОЗИУМ ЗА ОБРАЗОВНА СВЕСТ: ЗАЈАКНУВАЊЕ ПРЕКУ ЗНАЕЊЕ, СО НАСЛОВ:Разбирање на посебните потреби на децата со аутистичен спектар на нарушувања “.

Целта беше да и се понуди на јавноста и знаење и поддршка во врска со третманите и расположливите ресурси за децата со аутистичен спектар на нарушувања. Овој симпозиум беше отворен од страна на амбасадорот на Соединетите Американски Држави, господинот Пол Д. Волерс, а потоа беше прочитано отворено писмо од г-ѓа Маја Иванова која од оправдани причини не можеше да присуствува на симпозиумот.

Околу 200 учесници, вклучувајќи, медицински професионалци, специјални едукатори, невладини организации, претставници од општини од град Скопје и Македонија и родители го посетија симпозиумот.