Што е Аспергеров синдром?

Аспергеров синдром претставува нарушување во развојот. Аспергеровиот синдром е аутистично нарушување, кое е едно од различните групи на невролошки состојби кои се карактеризираат со поголем или помал степен на оштетувања во јазикот и вештините на комуницирање, како и повторувачки и рестриктивни шеми на размислување и однесување.

Децата со Аспергеров синдром ги задржуваат своите почетни јазични вештини, за разлика од децата со аутизам.

Се смета дека појавата на овој синдром е 2 на секои 10,000 деца. Исто така оваа појава кај машките е 3 до 4 пати поголема отколку кај женските.

 

Карактеристики на Аспергеровиот синдром:

  • лимитирани интереси или необични преокупации со одредени предмети со исклучување на други активности
  • повторувачки рутини или ритуали
  • карактеристики во говорот и јазикот, како што е зборување во премногу формален начин или монотон, или земајќи го фигуративното зборување буквално
  • несоодветно социјално и емоционално однесување и неможност успешно да комуницира со луѓето
  • проблеми со невербалното зборување, вклучувајќи ја ограничената употреба на гестови, лимитирани или несоодветни експресии на лицето, или чуден, беспомошен поглед
  • несмасни и некоординирани моторни движења

Највпечатлив симптом кај Аспергеровиот синдром претставува опсесивниот интерес на детето во еден објект или тема. Децата со Аспергеров синдром сакаат да знаат сè за својата тема од интерес. Нивната експертиза, високото ниво на вокабулар и официјалниот говор ги прават да изгледаат како мали професори. Други карактеристики се повторувачки рутини или ритуали; особености во јазикот и говорот; социјално и емотивно несоодветно однесување и неможноста да комуницираат успешно со врсниците; проблеми со невербалната комуникација и несмасни и некоординирани моторни движења.

 

Третман

Идеален третман за децата со Аспергеров синдром се координираните терапии кои се однесуваат на трите основни симптоми на заболувањето: сиромашни комуникациски вештини, опсесивни или повторливи навики и физичката несмасност. Не постои единствен третман за сите деца со Аспергеров синдром, но повеќето терапевти се согласуваат дека колку порано се започне третманот, толку е подобро.

Ефикасната програма за третман се базира на интересите на детето, нуди предвидлив распоред, задачите се како серија од едноставни чекори, активно се ангажира вниманието на детето во високо структурирани активности, и им обезбедува редовно засилување во однесувањето. Тоа може да вклучи обука за социјалните вештини, когнитивна бихејвиорална терапија, лекови, како и други мерки.

 

Related Post