Што е АДХД?

АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност) или хиперкинетскиот синдром според ICD е една од најчестите нарушувања кај генералната популација на деца и адолесценти. Машките се 3-5 пати повеќе засегнати отколку девојчињата.

АДХД се карактеризира преку упорна шема на однесувања кои траат повеќе од 6 месеци и кои се манифестираат на повисок степен отколку кај другите деца на иста возраст, и се манифестираат преку следната тријада на симптоми: хиперактивност, импулсивност и недостаток на внимание.

Карактеристики на АДХД:

Децата кои имаат симптоми на хиперактивност може да имаат:

  • нервозен е и загрижен на неговото место
  • постојано зборува
  • црта наоколу, допира или си игра со ништо и сешто наоколу
  • има потешкотии во седењето мирно додека јаде, на училиште, додека му се читаат приказни
  • постојано е во движење
  • има потешкотии во правењето тивки задачи и активности

 

Децата кои имаат симптоми на импулсивност може да имаат:

  • многу е нетрпелив
  • коментира несоодветно, ги покажува своите емоции без воздржаност, и дејствува без да мисли на последиците
  • има потешкотии во чекањето на работите што ги сака или чекајќи го неговиот ред да се игра
  • често ги прекинува разговорите или другите активности

 

Децата кои имаат симптоми на недостаток на внимание може да имаат:

  • лесно може да му биде одземено вниманието, не приметува детали, заборава работи и често преминува од една на друга активност
  • има потешкотии во фокусирањето на една работа
  • после неколку минути му се здосадува активноста, освен ако не работи нешто пријатно
  • има потешкотии во фокусирањето на вниманието
  • има потешкотии во завршувањето на домашните задачи, често губејќи работи (пенкала, играчки,задачи) кои му се потребни за извршување на задачите
  • изгледа како да не слуша кога му се обраќате
  • мечтае, лесно се збунува, и се движи бавно
  • има потешкотии во процесирањето на информациите брзо и точно како другите

АДХД не се лечи, но може да се подобри состојбата преку мултимодален третман.

 

Мултимодален третман

Мултимодалниот третман вклучува:
  • психолошка едукација на родители и наставници;
  • обука на родителите и интервенции на однесувањето во семејството;
  • интервенции на однесувањето во градинка и училиште;
  • когнитивно-бихејвиорална терапија на детето
  • фармакотерапија