Членство

Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ е отворено за прифаќање нови членови, а постапката е едноставна:

Секое физичко лице со наполнети 18 години кое ги прифаќа Статутот и задачите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ може да стане поединечен член.

Член на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ може да биде и странски државјанин со наполнети 18 години, кој го прифаќа Статутот и задачите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ.

Секоја организација, асоцијација, здружение на граѓани со седиште во Република Македонија која ги прифаќа Статутот и задачите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ може да стане колективен член.

Да станете член на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ, треба да гo пополните онлајн формуларот и изјавата за членство.